Top Sport

Тимот победил 27:0, тренерот добил отказ

Тренерот на една младата фудбалска екипа од Италија добил отказ откако забележал победа 27:0. Челниците на клубот решиле да го отпуштат бидејќи на децата им оставил лош пример дека не го почитува противникот.

Младиот тим на Инвиктазуро убедливата победа по која тренерот добил отказ ја забележал против екипата Марина калчо.

„Бевме шокирани и тажни кога слушнавме дека нашиот јуниорски тим забележал победа над Марина калчо со 27:0. Вреднстите на младинскиот фудбале се спротивни од тој резултат. Противникот секогаш мора да го почитувате, а тоа не се случи“, рекол претседателот на Инвиктазуро, Паоло Брогели.

Тој упатил извинување до противничкиот тим.

„Јас како претседател им се извинувам на Марина калчо. Нашата управа донесе едногласна одлука да го отпуштиме тренерот Ричини. Нашите тренери имаат должност да го тренираат младите играчи, на права задача им е да ги едуцираат. Во овој случај тоа не се случи“,дополнил Брогели.

Scroll to Top