Top Sport

Тим: Никој не очекуваше такво враќање на Ѓоковиќ

Најдобриот австриски тенисер, Доминик Тим во интервју за „Вест фален“ вели дека ниту тој, ниту некој друг на турнејата не очекувал Новак Ѓоковиќ да се врати на највисоко ниво во 2018 по сите проблеми кои ги имаше.

Тим го победи Ѓоковиќ во четврт-финалето на Ролан Гарос во 2017 година, во период кога на Србинот ништо не му одеше од рака, за една година подоцна, Србинот да стане светски рекет број 1.

„Добро, очекував да биде силен противник, но начинот на кој се врати и нивото кое го постигна никој не го очекуваше. Тој доминираше во тенисот две-три години, стигна до крајната цел со титулата од Ролан Гарос и најверојатно почувствува дупка како некој кој остварил сѐ. Но, тоа како се врати потоа, е тоа го можат само најголемите спортисти“, вели Тим.

Оваа година Тим повторно заврши како втор на листата на најдобри австриски спортисти за 2018, зад неверојатниот алпски скијач, Марсел Хиршер, кој по седми пат ја освои титулата од Светскиот куп.

„Хиршер првпат стана олимписки шампион и пак доминираше, нешто што е неверојатно во тој спорт. Ако повторно има таква сезона, во 2019 ќе ме ’спаси’ само гренд слем трофеј“, додава Австриецот.

Scroll to Top