Роџер Федерер со пораз го започна настапот на Завршниот мастерс во Лондон. Во „О2“ арената Швајцарецот во два сета 5/7, 5/7 е поразен од Доминик Тим. Австриецот му го нанесе третиот пораз по ред на Федерер во меѓусебните дуели и сега против Швајцаревцот води 5:2.
Федерер лошо го започна дуелот му дозволи брејк на Тим на самиот почеток, меѓутоа бргу ја стабилизира играта и загубениот сервис го врати во четвртиот гем. Двајцата потоа сигурно ги добиваа своите сервис-гемови, се до 11 гем кога Тим направи брејк, а потоа на свој сервис го доби сетот со 7/5.
Во вториот сет серверите беа сигурни, Федерер не искористи брејк топка, а Тим првата во 11 гем ја претвори во водство 6:5. Потоа маллку се мачеше да го заврши мечот, спаси две брејк топки пред да му го зададе завршниот удар на Федерер.