Романецот Давид Поповичи го освои златото на 100 метри слободно на Светското првенство во пливање во Будимпешта за свое второ злато на шампионатот, откако триумфираше и на 200 метри слободно.
17-годишниот Поповичи постави време од 47.58, откако во полуфиналето постави нов светски јуниорски рекорд од 47.13. До среброто исплива Французинот Максим Гросе со 0.06 секунди заостанува, додека бронзата отиде кај Канаѓанецот Џошуа Лиендро Едвардс со 47.71 секунди.
Злато освои уште една тинејџерка, откако Канаѓанката Самер Мекинтош триумфираше на 200 метри пеперутка со време од 2:05.20. 15-годишната Мекинтош заврши со речиси цела секунда предност пред Американката Хели Фликинџер (2:06.08), додека бронзата ја освои кинеската пливачка, Жанг Јуфеи (2:06.32). Мекинтош претходно освои сребро на 400 метри слободно.
Нејзината сонародничка, Кајли Мас освои ново злато, овојпат на 50 метри грбно, со време од 27.31 пред Американката Кетрин Беркоф (27.39)