Рафаел Надал покрај тоа што е еден од најдобрите тенисери во историјата на спортот, исто така може да се пофали дека е еден од „најприбраните“ на тенискиот терен, никогаш не покажувајќи јавна фрустрација или бес.
Неговиот чичко и поранешен тренер, Тони Надал, вели дека тоа е поради неговата семејна култура и открива дека постоел само еден случај кога Шпанецот го направил тоа.
„Тој никогаш не фрла рекети бидејќи јас не го разбирам тоа однесување. Само еднаш на Ролан Гарос фрли рекет во своите патики и тој се скрши бидејќи на патиките имаше нешто метално. За мене, кршењето рекети покажува недостаток на почит кон светот, кон луѓето кои немаат доволно пари да купат тениски рекет. Секогаш мислев дека Рафаел не треба да биде пример за другите, но во исто време, не смее да биде ниту лош пример“, вели Тони Надал во својата последна колумна.
Чичко Тони исто така вели дека никогаш не земал пари од својот внук.
„Кога заработуваш многу, на крајот како да си малку купен, почнуваш да кажуваш тоа што тенисерот сака да го слушне. Јас не го сакам тоа и затоа не земав пари од него. Работата беше едноставна – што е потребно да си добар тенисер, и кои се способностите на Рафа? Потоа комбинираш“, вели постариот Надал.