Top Sport

Тор вети дека ќе го „смачка“ и Мартин Форд

Хафтор Тор Бјорнсон го прифати предизвикот од „најстрашниот човек на светот“, Мартин Форд, ветувајќи дека ќе го „смачка“ откако Британецот се потсмеваше со Исланѓанецот, нарекувајќи го „премногу мек“.

Бјорнсон, конечно, ја доби пресметката со својот стар ривал, Еди Хол во саботата, праќајќи го поранешниот најсилен човек на светот двапати во нокдаун пред да победи на поени на мечот во Дубаи.

Од друга страна, Форд, познат како „најстрашниот човек на светот“, ќе влезе во рингот против „Иранскиот Халк“ Саџад Гариби на 30 март во уште еден дуел на двајца „страшни “ ривали. Бјорнсон вели дека нема проблем да влезе во ринг со Форд ако тој го победи РГариби.

„Мислам дека ќе го смачкам. Дали ќе победи против Гариби? Лесно, бидејќи тој другиот човек воопшто не е во форма. Од фотографиите кои ги видов тој не изгледа дека ќе изддржи една рунда. Ќе видиме“, вели Бјорнсон.

Тор го смачка Еди Хол во „најтешкиот“ боксерски меч во историјата

Судир на 320 килограми мускули, англиското „чудовиште“ удира на иранскиот „Хулк“(фото)

Scroll to Top