Top Sport

Трагедија во САД: Загина НФЛ играч во сообраќајна несреќа

Познатиот американски НФЛ играч Џеф Гладни (25) загинал во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот наутро, потврдил за „ЕСПН“ неговиот агент Брајан Оверстрит.

Корнербекот на Аризона кардиналс, студираше на ТЦУ колеџот, а потоа Минесота го избрала како 31. пик во првата рунда на драфтот на НФЛ, а после две сезони реши да ја смени средината. За жал, тој не успеа да дебитира во новиот клуб.

„Скршени сме од смртта на Џеф. Се молиме за неговото семејство и пријателите кои претрпеа голема загуба“, напишаа „кардиналите“ во прошталната порака до нивниот член.

Несреќата се случила ноќта меѓу неделата и понеделникот околу два и пол часот наутро во Далас. Се судриле две возила, а полицијата само потврди дека на лице место загинале две лица – маж и жена, додека две лица од другото возило се неповредени.

Scroll to Top