Top Sport

Панама за четвртина не постигна поен, а прими 43 (Видео)

Селекцијата на САД ја декласира Панама на шампионатот на Америка за кошаркари до 18 години.

Младите Американци славеа со 118:26. Неверојатен е податокот дека кошаркарите од Панама не постигнале ниту еден поен во првата четвртина. Овој период им припаднал на Американците со 43:0.

Првите поени Панамците ги постигнале во втората четвртина, а на полувремето предноста на САД била 70:8.

Во второто полувреме Американците го намалиле ритамот, постигнале 48 поени, а Панама дури 18, за конечни 118:26.

Scroll to Top