Поранешниот американски претседател Доналд Трамп викендов (на 20-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001) ќе се најде во необична улога на ТВ-коментатор на боксерскиот камбек на Ивандер Холифилд против поранешниот УФЦ шампион, Витор Белфорт на Флорида, и посочи дека би сакал да биде во ринг со сегашниот претседател и голем политички лидер, Џо Бајден.
На прашање со кого би влегол во рингот во сабота, 75-годишниот Трамп даде јасен одговор.
„Ако можам да изберам било кого на светот, не само професионален боксер, бидејќи од нив би бегал, тогаш е лесно. Најлесениот меч би ми бил против Џо Бајден, бидејќи би бил на подот многу бргу“, вели Трамп.
Ова беше одговор на изјавата на Бајден во 2018 година, кога изјави дека би го „претепал“ Трамп доколку двајцата се сретнале во средно школо.
„Тој би бил во големи проблеми ако тоа се случи. Бајден би бил долу во првите неколку секунди“, додава Трамп.