Американскиот претседател Доналд Трамп е познат по својата не секогаш привлечна активност на социјалните мрежи, но тениските фанови беа изненадени од последното споделено видео од мечот од 1997 година помеѓу Горан Иванишевиќ и Марк Филипусис.
На снимката, од Квинс клаб турнирот, подготовките за Вимблдон, на Иванишевиќ очигледно не му оди најдобро, по што тој замоли едно од девојчињата кои ги собираат топчињата да заигра наместо него. По кратко убедување, таа одигрува еден поен со Австралиецот, а судијата дозволува мечот да продолжи.
„Убаво“, напиша американскиот претседател.
Nice! https://t.co/4yvPax9J3B
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 26, 2020