Top Sport

Циципас подобар од Мареј во класика од пет сета на Вимблдон

Петтиот носител, Стефанос Циципас се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако во епска битка од пет часа, во меч кој започна вчера под рефлектори во Лондон, стигна до 7:6(3)/6:7(2)/4:6/7:6(3)/6:4 победа над поранешниот шампион и миленик на домашната публика, Енди Мареј.

Мареј имаше предност од 2:1 во сетови кога вчера беше прекинат мечот на „Централниот терен“, но Циципас успеа да се врати во драматичен тај-брејк во четвртиот сет за да израмни на 2:2, за потоа со еден брејк да ја комплетира победата по 4 часа и 40 минути игра.

Следен за грчкиот фаворит е Србинот Ласло Ѓере, кој се врати од сет-негатива за 3:6/6:3/7:6(5)/6:3 да го победи Американецот Бен Шелтон.

Scroll to Top