Top Sport

Тур де Франс се менува – нема веќе бакнежи за победниците на етапите

За да се осигура „еднаквоста на половите“ и да се осигура да се искорени сексизмот, организаторите на најпознатата велосипедска трка на светот, Тур де Франс потврдија дека ги „укинуваат“ девојките на подиумот кои делеа бакнежи на победниците на етапата.

Наместо да има две атрактивни хостеси по секоја етапа, оваа година на француската трка ќе има една девојка и едно момче.

„Од оваа година ќе биде поинаку – со едно избрано официјално лице и еден претставник на спонзорот на жолтата маичка, како и едена хостеса и еден хост“, вели директорот на трката Кристијан Прудом.

Се верува дека девојките кои беа вработувани од Тур де Франс досега заработуваа по 2.000 евра за еден ден работа.

Scroll to Top