Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ потврди дека турнирот на Новак Ѓоковиќ, наречен „Адриа тур“, во Задар ќе се игра пред публика.
„Адриа тур“ во Задар ќе се игра на 20 и 21 јуни, а покрај Ѓоковиќ ќе настапат Григор Димитров, Доминик Тим, Виктор Троицки и најдобрите хрватски тенисери Марин Чилиќ и Борна Чориќ. Настапот на Александар Зверев на овој турнир се уште е неизвесен.
„Добивме потврда дека ќе може да биде пополнет пола од капацитетот на стадионот. Се надеваме дека за еден месец ќе може да бидат присутни и повеќе гледачи“, рекол Иванишевиќ.
Покрај турнирот во Задар Ѓоковиќ организира турнири во Белград (13 и 14 јуни), во Црна Гора (27 и 28 јуни), додека на крајот од „Адруиа тур“, Ѓоковиќ ќе одигра меч против Дамир Џумхур во Сараево.