Рускиот тениски тренер Дмитриј Турсунов реши да не продолжи да работи со поранешната шампионка од САД опен, Британката Ема Радукану, одлучувајќи да „побара други можности“.
Турсунов е четврти тренер кој си заминува од тимот на младата Британка по неуспешната соработка со Најџел Сирс, Ендру Ричардсон и Торбен Белц. Според „Би-би-си“, 19-годишнта Радукану сакала да продолжи со Турсунов, откако од Вимблдон имаше 8 победи во 15 меча и полуфинале на Сеул опен, но Русинот отфрлил ваква можност.
Радукану минатата година го шокираше тенискиот свет, кога како квалификантка го освои САД опен на само 18 години.