Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт го исполни ветувањето и следниот викенд ќе има УФЦ 249 на „индијанска територија“ во Калифорнија без првата ѕвезда Хабиб Нурмагомедов, но со огромен број на правила кои мораат да се почитуваат.
Шоуто на 18 април според сите вести ќе се оддржи во „Таки палас“ казиното во централна Калифорнија, територија која не е официјално под власт на американската федерална влада за да се избегнат сите ограничувања на движењето и правилата за изолација кои важат во поголемиот дел на САД.
Таканаречените „племенски територии“ не потпаѓаат под федералната власт на САД, и затоа честопати на нивна територија се градат коцкарници со кои се заработуваат пари за племето и не се плаќа данок на федералната власт.
Главниот меч на УФЦ 249 ќе биде тој помеѓу Тони Фергусон и замената Џастин Гетџи, откако Хабиб Нурмагомедов „заглави“ во Русија.
Меѓутоа и тука ќе треба да се почитуваат голем број на правила:
– Само УФЦ и персоналот кој работи во казиното ќе имаат пристап до објектот и сите ќе бидат подвргнати на детални медицински тестови.
– Во собите на фајтерите ќе бидат поставени ленти за тренинг и подвижни сауни, додека надвор од казиното ќе биде изградена патека за трчање.
– Фановите нема да бидат присутни, но ќе има „ограничен“ број на медиуми.
– Собарите и собарките нема да имаат пристап до собите по влегувањето на фајтерите. Храната и сите потребни работи ќе им се доставуваат пред врата.
– УФЦ коментаторите најверојатно ќе бидат во иста соба, но не директно до откагонот.
– Ќе се практикува „социјално дистанцирање“ и во ниту еден момент нема да има повеќе од 10 луѓе во иста соба.
– Бројот на лекари кои работат на еден УФЦ настан ќе биде удвоен.