Легендарниот бразилски ММА борец, Роналдо Соуза најверојатно ќе ја заврши својата кариера откако на УФЦ 262 спектаклот доживеа стравична фрактура на раката.
Соуза во октагонот беше со Андреј Муниз кој при еден зафат му нанесе тешка повреда на својот противник, воедно и идол, па со оглед на годините на Соуза (41), тешко е да се верува дека Бразилецот по опоравувањето ќе се врати во борбите.
„Слушнав како раката пука. Го пуштив, не само од почитување туку и за да не дојде до потешка повреда“ изјави Муниз.
Борбата заврши уште во првата рунда, еве на кој начин:
Andre Muniz with a sneaky armbar finish breaking Jacare Souza's arm #UFC262 pic.twitter.com/x6yz7urSS1
— Jason Williams (@jasoneg33) May 16, 2021