Top Sport

УФЦ: Бразилска нокаут машина – Силва го реши Родригез за 60 секунди

Бруно Силва стигна до уште една импресивна победа со нокаут на УФЦ Вегас 27, откако Бразилецот во меч во мува категорија го „уништи“ Виктор Родригез по само 60 секунди борба.

Силва бргу го реши мечот – прво го начека Родригез со удар со колено, а потоа со брутална десница го прати противникот на подот и по неколку удари, судијата го прекина мечот.

По мечот, Силва му прати порака на УФЦ шефот Дејна Вајт дека го заслужува бонусот од 75.000 долари за најдобар нокаут.

Scroll to Top