Сем Стрикленд е на добар пат да стане ривал за УФЦ титулата во лесна категорија, откако го победи на поени Џек Хермансон во главниот меч на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас.
Стрикленд успеа да го заддржи Хермасон далеку од него во текот на целиот меч, сопирајќи ги неговите обиди да го собори за на крајот да стигне до тактичка победа. Стрикленд пред мечот беше 10. на УФЦ листата во лесна категорија и би сакал да добие шанса да се бори за титулата, која е кај Израел Адесања, кој ќе ја брани титулата на УФЦ 271 следната недела против поранешниот шампион Роберт Витејкер.
„Јас сум човек на компанијата, така што кој и да ставите пред мене ќе се борам. Но, ако има појас, би бил многу среќен“, вели Стрикленд.
Контроверзниот Стрикленд беше критикуван последните месеци за неколку контроверзни изјави. Во август тој изјави дека „најмногу би сакал да убие некого во рингот“, додека во декември изјави дека би се чувствувал како „пропаднат човек“ доколку неговиот син биде хомосексуалец.