Шефот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека ја вработил Самер Тапаса-Сатарака, поранешната членка на обезбедување на една продавница на Хаваите, која остана без работа откако нејзината пресметка со еден крадец во продавницата стана хит на Интернет.
Тапасас-Сатарака на крајот на годината успеа да спречи еден човек во продавницата на „Бест бај“ да украде скапа опрема, блокирајќи го неговиот излез и борејќи се со него. И покрај тоа, таа доби отказ за потегот, бидејќи политиката на продавницата била да не се влегува во конфликт со крадци.
Шефот на УФЦ, Вајт веднаш ја покани девојката како посебен гостин на мечот на Конор Мекгрегор во јануари против Доналд Серон, и сега тој потврди дека таа е вработена во УФЦ.
„Некој крадеш ТВ, човеку, а таа го истепа и го спречи. Доби отказ, што мислам дека беше страшно и затоа понудив да дојде да работи во Лас Вегас. Таа се врати на Хаваите, добро размисли и сега е вработена во УФЦ и ако некој сака да се тепа, да знаете таа е тука“, изјави Вајт.
This is Summer. She stopped this punk from getting away with stealing from BestBuy in Hawaii. She got fired for this. Flying her in this weekend and giving her tickets to the McGregor vs Cowboy fight. I WANT HER TO WORK FOR ME! Get ready for the best weekend of your life Summer pic.twitter.com/8yF5FLrlnU
— danawhite (@danawhite) January 10, 2020
Welcome to the @ufc Summer Tapasa!! I’m so happy you chose a career with us ???? pic.twitter.com/GCmcCJF6sL
— danawhite (@danawhite) September 3, 2020