Top Sport

УФЦ: „Кинг Конг“ Романов прво го уништи Мартинез, па го „среди“ и својот тренер

Молдавецот Александер „Кинг Конг“ Романов имаше совршено деби во тешка категорија на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас, победувајќи го Роке Мартинез во втората рунда, по што го „грабна“ својот тренер и него го фрли на подот.

Романов се смета за фајтер кој може да биде конкурент за титулата во тешка категорија, откако во своите 12 претходни мечеви стигна до 12 победи, и тоа сите со нокаут или предавање на противникот.

Романов целосно доминираше во мечот и покажа дел од својата сила, како кога го крена противникот тежок 120 килограми и го тресна на подот, потег што подоцна го повтори на својот тренер.

Scroll to Top