Top Sport

УФЦ: Ковингтон го „смачка“ Масвидал па порача: Го изнесов ѓубрето!

Колби Ковингтон беше супериорен во борењето и во брзината за да го контролира мечот од почеток до крај за победа на поени (49:46, 50:44, 50:45) над Хорхе Масвидал во долгоочекуваната пресметка во кафезот на УФЦ 272 во Лас Вегас.

Ковингтон (12-3 УФЦ) контра Масвидал (12-9 УФЦ) беше промовиран како меч на поранешни најдобри пријатели кои станаа најголеми непријатели и требаше да биде пресметка на двајца фајтери на врвот на својата моќ, но наместо тоа беше едностран меч, а исто како на прес-конференцијата пред мечот, тој заврши со обезбедувањето кое мораше да ги разделува двајцата.

Ковингтон успеа да го прати Масвидал на подот уште во првата рунда, и иако не упати силни удари најави агресивен меч. Втората рунда беше поизрамнета, и најдобриот удар го имаше Масвидал (со лакт во лицето), но третата рунда беше целосно под контрола на Ковингтон кој без престан удираше и ја презеде контролата. Во четвртата рунда, Масвидал добро го „закачи“ противникот и го прати на колена, но не успеа да ја искористи предоста.

„Само што го изнесов уличното ѓубре од Мајами, сега е време за ѓубрето од мочуриштето во Луизијана“, порача Ковингтон по мечот.

Ова беше порака до уште еден поранешен пријател, Дастин Поаире и најава за следниот меч.

Scroll to Top