Top Sport

Леброн и Лејкерси ги уништија Голден Стејт!

Лос Анџелес лејкерс со 124:116 ги совлада Голден Стејт вориорс предводени од фантастичниот Леброн Џејмс и неговите 56 поени.

Во рекордна партија по преминувањето во Лејкерси, Леброн имаше 56 поени за 38 минути игра, за да стане првиот кошаркар во историјата со меч од 50 поени пред својот 21. роденден и по својот 35. роденден, иако не го сруши рекордот на Коби Брајант од 60 поени за играч над 35 поени.

Од другата страна, Голден Стејт сега имаат четири порази во низа, и не помогнаа ниту Стеф Кари (30 поени) и Џордан Пул (21). За Лејкерс покрај Леброн, Расел Весбрук додаде 20 поени, а Кармело Ентони 14.

По подобриот старт на Лејкерси, Голден Стејт се вратија во втората четвртина и направија предност од 14 разлика, пред на сцена да стапи Леброн, кој имаше 40 поени пред последната четвртина.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Далас – Сакраменто 114:113

Шарлот – Сан Антонио 123:127

Мемфис – Орландо 124:96

Мајами – Филаделфија 99:82

Минесота – Портланд 135:121

Scroll to Top