Top Sport

УФЦ: Масвидал за само пет секунди го „суреди“ Аскрен (видео)

УФЦ 239 во Лас Вегас ни го донесе најбрзиот нокаут во историјата, откако Хорхе Масвидал го доби непријателскиот дуел со Бен Аскрен во велтер категорија со еден од најспектакуларните нокаути во историјата на ММА борбите, добивајќи ја победата по само пет секунди.

Поранешниот шампион од Белатор и ОНЕ шампионатот, Аскрен влезе во мечот без пораз и како еден од фаворитите за титулата, но Масвидал „летечки“ го погоди со колено, по што Аскрен беше веднаш на подот и Масвидал ја доврши работата.

Ударот беше толку силен, што на лекарите им беа потребни неколку минути да му ја повратат свеста на Аскрен, кој за среќа на крајот сам си замина од октагонот.

Во другите мечеви, УФЦ шампионот во средно-тешка категорија, Џон „Боунс“ Џонс ја одбрани титулата по тактичка победа во пет рунди над Бразилецот Тијаго „Марета“ Сантош. Ова е втора одбрана на титулата за Џонс по освојувањето на појасот во декември 2018.

Двократната УФЦ шампионка, Аманда Нунеш пак, имаше магичен нокаут над Холи Холм, победувајќи ја со директен удар во главата.

Scroll to Top