Top Sport

УФЦ: Мурадов со спектакуларен нокаут во американското деби (видео)

Махмуд Мурадов, пуленот на Флојд Мејведер Јуниор, имаше спектакуларно американско деби во УФЦ, нокаутирајќи го Американецот Тревор „Хот сос“ Смит во првиот меч на УФЦ ДЦ во Вашингтон.

Узбекистанецот Мурадов, кој нема пораз од 2016 година, ја забележа својата 13-та победа едноподруго, завршувајќи го Смит со одлична комбинација која заврши со летање на штитникот за заби на Американецот.

„Ова беше првиот, но не и последниот меч во САД. Среќен сум што го забележувам првиот нокаут во УФЦ“, вели Мурадов, кој стана првиот ММА фајтер во менаџерската компанија на Мејведер.

Scroll to Top