Американската УФЦ фајтерка со македонско потекло, Нина Ансароф не дозволува бременоста да и попречи во оддржување на формата, откако сподели видео од спаринг со нејзината сопруга, светската шампионка, Аманда Нунеш
34-годишната Ансароф е во брак со Нунеш од 2018 година и сега го очекуваат нивното прво дете, по што фајтерката со 10 победи во 16 ММА меча најави дека ќе паузира една година по раѓањето на детето.
„Ќе тренирам во текот на бременоста и ќе останам во форма. Не знам што точно да очекувам“, вели Ансароф.
Таа има совршен партнер во 32-годишната шампионка во две УФЦ категории, една од најдоминантните фајтерки во федерацијата, Аманда Нунеш, која претходно и беше спаринг-партнер пред да влезат во романтична врска.
View this post on Instagram