Top Sport

УФЦ: „Новиот“ Хабиб, Чеченецот Чимаев во расправија со Мекгрегор

Чеченската УФЦ сензација Хамзат Чимаев го нарече Конор Мекгрегор „кукавица“ откако Ирецот го предизвика поради лузната на устата.

Чимаев стана сензација во последните две недели по двете доминантни победи на „Островот на борбите“ во Абу Даби, поставувајќи рекорд за две најбрзи победи во историјата на УФЦ. По ова тој доби прекар „Хабиб 2.0“, посебно поради неговите квалитети како борач, и Мекгрегор, иако пензиониран од спортот коментираше дека Чимаев има „уста на стаорец“, навреда која претходно беше резервирана за Хабиб.

Чимаев одговори на Инстаграм со фотографија во која го „дави“ Велшанецот Џон Филипс во својот меч во Абу Даби, која има голема сличност со победата на Хабиб над Мекгрегор во Лас Вегас во октомври 2018 и со порака на кокошка.

Чимаев, кој живее во Шведска го победи Филипс во меч во средна категорија, пред само 10 дена подоцна во велтер категорија да го победи Ирецот Рајс Мекки. Тој веднаш го спомена Мекгрегор во интервјуто по мечот.

„Не сакам да бидам како Мејведер или Мекгрегор, само да ги покажувам парите. Сакам да помогнам на луѓето“, одговори Чимаев кога беше запрашан како ќе ги потроши 50.000 долари за победата.

 

View this post on Instagram

 

@thenotoriousmma ??

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev) on

Scroll to Top