Рускиот ветеран Алексеј Олејник во својот 73. професионален меч во кариерата, успеа да го совлада поранешниот УФЦ шампион Фабрисио Вердум, иако меѓу рундите реши да се одмори лежејќи на патосот.
Олејник почна агресивно и го изненади Бразилецот со својот брз стил со низа удари, но очигледно се умори по првата рунда и наместо да седне на своето столче, реши да лежи за да се одмори. Тоа очигледно функционираше, откако во втората рунда, тој го продолжи импресивниот напад, пред Вердум да се врати на крајот на рундата.
Вердум ја смени тактиката во следните рунди, потпирајќи се на своите квалитети како борач, и за малку ќе го совладаше во последната рунда. Тој успеа да го фати за врат противникот, но мечот набргу заврши и Олејник победи на поени со 28:29, 29:28, 29:28.
Unconventional corner etiquette from @OleynikUFC…but we're here for it! #UFC249 pic.twitter.com/ibcijz2tJ7
— UFC (@ufc) May 10, 2020