Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт објави дека одложеното шоу УФЦ 249 ќе се врати на 9 мај со фантастичен распоред на борби, откако под притисок на „ЕСПН“ и матичната компанија „Дизни“ беше приморан да се откаже од плановите за борби овој викенд на „индијанска територија“ во Калифорнија.
Локацијата за следното шоу засега е непозната, но Вајт останува сигурен дека „шоуто мора да продолжи“ и дека на 9 мај ќе има борби, нешто што секако го посакуваат сите фанови. Меѓу најавените борби тука е „заменската“ борба Тони Фергусон-Џастин Гетџи, пресметка за титулата во бантам категорија меѓу Хенри Кехудо и Доминик Круз, мечот Аманда Нуњез-Фелисија Спенсер, како и тешкашката борба Френсис Нгану-Жаирзињо Розенстрајк.
Потенцијална локација за мечот може да биде Флорида, откако оваа американска држава неодамна ги прогласи вработените во спортските натпреварувања и ТВ-продукцијата во „есенцијални услуги“ со што им се дава дозвола да ја вршат својата работа со одредени заштитни мерки.
ПРЕДВИДЕНИ МЕЧЕВИ НА УФЦ 249
Тони Фергусон – Џастин Гетџи
Хенри Кехудо – Доминик Круз
Аманда Нуњес – Фелисија Спенсер
Френсис Нгану – Жаирзињо Розенстрајк
Џереми Стивенс – Калвин Катар
Доналд Серон – Ентони Петис
Грег Харди – Јорган де Кастро
Алексеј Олејник – Фабрисио Вердум
Карла Еспарза – Мишел Вотерсон
Хакаре Соуза – Јураја Хол
Висенте Луке – Нико Прајс
Чарлс Роса – Брис Мичел
While bout agreements still need to be signed, this proposed fight card is mind-blowing ?
(via @bokamotoESPN) pic.twitter.com/kTBqiHFTqB
— ESPN MMA (@espnmma) April 15, 2020