Валентина Шевченко, УФЦ шампионката во мува категорија, има многу вештини – течно зборува англиски, шпански и руски, експерт е за оружје и умешен снајперист, а признава дека идол и е Џејмс Бонд, но демантира дека е руски шпиун.
При гостувањето во Тексас, Шевченко беше на стрелиштето со својот „Валтер“, копија на оружјето кое Бонд го користеше од 1962 до 1977 година. Запрашана дали е слична со Бонд, од поранешната ММА ѕвезда, Бен Аскрен таа беше искрена.
„Тој може да направи сè! Бокс, удирање, шутирање, борење… Сè! Возење автомобили, авиони, бродови, стрелање од која сака рака. Мотивацијата ми е да бидам слична личност, да добијам знаење“, вели Шевченко.
Шевченко има посебен соработник – поранешниот руски војник Павел Федотов, кој пак ја подготвува за одбраната на титулата на УФЦ 247 овој викенд против Кејтлин Чукагијан. Шевченко се пресели во Перу во своите 20-ти години, и собра одлична лична колекција на оружје во која најдрагоцени парчиња и се „Браунинг бејби“, руска „Мосин“ пушка од 1935.
„Не сум шпиун, но Џејмс Бонд е совршен филм. Тоа ми дава многу мотивација“, вели Шевченко, која е непоразена од септември 2017 и двапати ја бранеше титулата која ја освои од Џоана Једржејчак на крајот на 2018 година.
Amazing new home for my guns ! ??????
Thank you @libertysafeinc ! I love it so much !!! ???#LibertySafe #Home #GirlsWithGuns pic.twitter.com/13IALGusrt— Valentina Shevchenko (@BulletValentina) December 15, 2019