Top Sport

УФЦ шампионот Џон Џонс контра вандалите (видео)

Легендата на УФЦ, шампионот во средно-тешка категорија, Џон Џонс реши да ја преземе правдата во свои раце, конфронтирајќи се со вандалите во Албакерки, Њу Мексико, каде што имаше еден од многуте протести низ САД по смртта на Џорџ Флојд.

Во видео споделено со своите 5 милиони следбеници на Инстаграм, Џонс влегува во дискусија со двајца маскирани млади луѓе кои носеа спрејови при протестите во недела навечер.

„Дали ова ср.ње веќе е за Џорџ Флојд? Зошто е.но вие тинејџери го уништувате нашиот град. Како млад црн човек и јас сум исфрустриран, но ова не е начинот, почнавме лошата ситуација да ја правиме полоша. Ако имате љубов за 505 (Њу Мексико), заштитете се. Сите старци треба да зборувате, да ги повикате своите млади и да им кажете да се приберат дома“, се запраша Џонс на Инстаграм со видеото во кое им ги одзема спрејовите на двајцата протестанти.

За разлика од многу големи градови низ САД, во Албакерки имаше мирни протести за разлика од палењето на возила, продавници и крадење низ Атланта, Чикаго, Вашингтон.

Scroll to Top