Американецот Ентони Смит (30-13) го нокаутираше поранешниот шампион Маурисио „Шогун“ Руа (25-11) уште во првата рунда во главниот меч во средно-тешка категорија на УФЦ Фајт најт во Хамбург, Германија.
Поранешниот фајтер во средна категорија, Смит, сега има 2-0 скор во средно-тешка категорија, откако ги „реши“ Руа и Рашад Еванс во првата рунда. 29-годишниот Американец сега очекува дуел со Александер Густафсон на УФЦ 227 во Лос Анџелес на 4 август, откако Волкан Ездемир се повреди.
36-годишниот Бразилец Руа дојде во мечот со три победи во низа, но без дуел од март 2017 година.
Viewers beware, a mauling just took place!
Anthony Smith dominates Shogun Rua in one. pic.twitter.com/SDQ2kEQdMj
— FOX Sports: UFC (@UFCONFOX) July 22, 2018