Top Sport

УФЦ: Вечер на нокаути – „Нинџа“ Чикадзе со седма победа во низа

Грузиската ММА ѕвезда, Гига Чикадзе стигна до својата седма последователна УФЦ победа, откако во главниот меч на УФЦ Вегас 25, го декласираше ветеранот Едсон Барбоза со технички нокаут во третата рунда.

Двајцата влегоа сигурно во мечот, но Чикадзе беше далеку поактивен со своите силни удари со рацете, пред во третата рунда Чикадзе да го брка противникот низ октагонот пред да го нокаутира со низа удари во главата.

33-годишниот Грузиец со оваа победа станува вистински кандидат за титулата во перо категорија.

Вечерта донесе и уште еден супер-брз нокаут, откако Абдул Разак Алхасасн оствари луд финиш на мечот по само 17 секунди, откако во меч во средна категорија го „здроби“ ветеранот Алесио ди Чирико.

Scroll to Top