Top Sport

УФЦ: Волкановски му одговори на Забит – јас сум шампион, а не фајтер за замена

Откако по повредата на Јаир Родригез не доби шанса да се бори во главен меч, Русинот Забит Магомедшарипов се „сврте“ кон УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Алекс „Велики“ Волкановски.

29-годишниот Забит останува непоразен во УФЦ и требаше да влезе во кафезот со Мексиканецот Родригез на 29 август пред тој да го повреди окото. Сега, тој храбро го предизвика шампионот, иако претходно УФЦ шефот, Дејна Вајт најави трет дуел на Волкановски со Макс Холовеј.

„Те чекам“, му напиша Забит на Твитер на шампионот, но Волкановски му одговори дека тој никогаш не бил „фајтер за замена“ и му порача да си бара нов противник.

Scroll to Top