Top Sport

Украинката Свитолина одби да игра со Русинката Потапова во Мексико

Украинката Елина Свитолина се повлече од турнирот во Монтереј, Мексико, откако ждрепката посака во првото коло да се сретне со Русинката Анастасија Потапова, барајќи тениските власти да ја почитуваат одлуката на ИОЦ и да прифаќаат спортисти од Русија и Белорусија само како неутрални спортисти.

Полуфиналистката од Вимблдон и САД опен во 2019, Свитолина во вторникот требаше да игра против Потапова, но одлучи дека не смее да го направи тоа.

„Мислам дека сегашната ситуација бара јасна позиција од нашите организации, АТП, ВТА и ИТФ. Ние украинските тенисери и тенисерки побаравме да се почитуваат препораките на ИОЦ да се прифаќаат руските и белоруските тенисер и тенисерки како неутрални спортисти без да се искажуваат националните симболи, бои, знамиња или химни. Затоа нема да играм утре, ниту во иднина против руски и белоруски тенисерки. Не ги обвинувам руските спортисти, бидејќи тие не се одговорни за инвазијата на нашата татковина. Дури повеќе, сакам да ги пофалам сите тенисери, посебно Руси и Белорус, кои храбро застанаа против војната“, вели Свитолина.

Scroll to Top