Младински хокеарски меч во Украина заврши во хаос, откако тренерот на тимот на Кривбас се вклучи во тепачката со 11-годишни деца, туркајќи ги и удирајќи ги.
Инцидентот се случил на 15 декември во Одеса кога почнала тепачка на младите хокеари на Кривбас и на Си вулфс. Снимките кои се појавија на Интернет го покажуваат тренерот на Кривбас, Сергеј Брага како излегува на мразот од клупата и ги тепа децата од противничкиот тим, по што мирно си заминува во соблекувалната.
Ова, секако, предизвика голем скандал кај родителите на младите хокеари, кои го пријавија тренерот во полиција.