Top Sport

Умна тактика или валкан потег – боксерот на крајот го доби својот нокаут

Боксот секогаш се сметал за „поинаков“ спорт од другите борбеи дисциплини, поради крајниот респект кој го пружаш кон својот противник, но дуелот во средна категорија од минатиот викенд предизвика поинакви реакции, откако еден од боксерите реши да го нокаутира противникот момент откако двајцата се допреа со ракавиците.

Рубен Торес го „начека“ Кристијан Баез во седмата рунда од нивниот меч во Калифорнија, откако претходно имаа лута борба во кои двајцата беа на нокдаун. Судијата Томас Тејлор веднаш го заврши мечот, а ударот беше прогласен за легален, со што Торес остана непоразен.

„Првото правило во боксот е секогаш да се штитиш самиот себе“, одговори Торес на критиките.

Нокаутот ги подели фановите на социјалните мрежи, бидејќи дел од нив сметаат дека се работи за валкан потег, но некои објаснуваат дека се работи за чист и легален удар.

Инцидентот исто така потсетува на тој на Флојд Мејведер јуниор и неговиот нокаут над Виктор Ортиз во 2011, кога Мејведер го начека противникот откако двајцата се гушнаа.

Scroll to Top