Усман Нурмагомедов, братучедот на УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов, стана нов шампион во лесна категорија во „Белатор“, откако убедливо на поени го совлада Патрики „Питбул“ Фреире со 50:45, 50:44, 50:44, продолжувајќи го неверојатниот успех на боречкото семејство од Дагестан.
Победата на Усман доаѓа откако минатиот месец, Ислам Махачев, долгогодишниот тренинг-партнер и близок приајтел на Хабиб ја освои титулата во лесна категорија на УФЦ 280 со победа над Чарлс Оливеира, со Хабиб како тренер.
Усман Нурмагомедов е непоразен во 16 меча во ММАА борбите со три победи завршени пред крајот на мечот.