Top Sport

НБА преглед: Нова супер-партија на Лука Дончиќ (видео)

Од Лука Дончиќ се очекуваше многу пред стартот на неговата НБА кариера, и засега словенечката ѕвезда ги оправдува сите очекувања, откако повторно беше најефикасен за Далас маверикс, со 22 поени, 8 асистенции и 6 скока за 111:96 победа над Оклахома сити.

Потпомогнат од ветеранот Џеј Џеј Бареа, кој имаше 21 поени, од кои 16 во првото полувреме, Маверикс стигнаа до само втората победа во последните девет меча и во исто време ја прекинаа низата од седум победи на Тандер.

19-годишниот Дончиќ, најмладиот кошаркар на Маверикс, има просек од над 20 поени по натпревар.

„Тој е фантастичен за нас. Дава тројки, ја носи играта“, вели 34-годишниот Бареа.

Голден Стејт вориорс пак, ги победија Бруклин нетс со 116:100, предводени од фантастичниот Кевин Дурент со 28 поени, 11 асистенции и 5 скока. Без повредениот Стеф Кари, товарот го презеде и Кук со 27 поени и Томпсон со 24 поени.

Интересно беше и во калифорниското дерби помеѓу Сакраменто кингс и Лос Анџелес лејкерс, кое им припадна на Ел Еј со 101:86. Леброн Џејмс повторно беше најдобар кошаркар на Лејкерси со 25 поени, 7 скока и 2 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Голден Стејт – Бруклин 116:100

Сакраменто – ЛА лејкерс 86:101

Далас – Оклахома сити 111:96

Њу Орлеанс – Феникс 119:99

Чикаго – Кливленд 99:98

Мемфис – Филаделфија 112:106

Мајами – Вашингтон 110:116

Сан Антонио – Хјустон 96:89


Scroll to Top