Top Sport

Усик ќе добие дозвола да излезе од Украина за римечот со Џошуа?

Олександер Усик најверојатно ќе добие дозвола да излезе од Украина за да се подготвува за римечот за титулите во тешка категорија против Ентони Џошуа во јуни, тврдат британските медиуми.

Усик направи вистинска сензација кога го декласираше Џошуа за да ги освои ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО титулите во тешка категорија минатиот септември, и сега добил дозвола од министерот за одбрана на Украина да се подготвува за мечот, откако претходно се врати во Киев за да се приклучи на територијалната одбрана.

Неговиот сонародник и близок пријател, Василиј Ломаченко, пак, веќе го откажа закажаниот меч за титулите во средна категорија против Австралиецот Џорџ Камбосос. Промотерот на Џошуа, Еди Херн вели дека мечот најверојатно би се оддржал во јуни на „Вембли“ пред многубројна публика.

Scroll to Top