Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик побара од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да не им дозволи на руските спортисти настап на Олимпијадата во Париз следната година, по најавите дека руските и белоруските спортисти ќе се натпрваруваат под неутрално знаме.
„Јас сум украински спортист. Освоив олимписко злато во бокс во 2012 година и сум актуелен шампион во тешка категорија. Вие сакате да им дозволите на руските спортисти да бидат на Олимпијадата. Руските воени сили ја нападнаа нашата земја и убиваат цивили. Руската војска убива украински спортисти и тренери и уништува спортски објекти и хали. Медалите кои руските спортисти би ги освоиле би биле медали од крв, смрт и солзи“, напиша Усик во отвореното писмо до претседателот на ИОЦ, Томас Бах.
Украина се закани дека ќе ги бојкотира Игрите во Париз доколку ИОЦ продолжи со планот, а вчера и градоначалничката на париз, Ан Идалго изјави дека смета дека присуството на руските и белоруските спортисти би било „непристојно“.