Светскиот шампион во тешка категорија, Олександер Усик ќе го искористи римечот со Ентони Џошуа да собере пари за помош на родната Украина по руската инвазиј, најавувајќи објавување на НФТ колекција токени со кои сака да собере 2 милиони долари.
Усик ќе ги брани ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО титулите кои ги освои од Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија, меч за кој ќе добие десетина милиони долари, од кои дел е одат во „Усик фондацијата“, добротворна организација која тоја ја формирал послените месеци.
„Во споредба со војнта, боксот е детска игра. Војната е страшна работа која не би ја посакал на мојот најлош непријател. Сакам да бидам подготвен за мечот со Џошуа за да можам да го прославам мојот господ, Исус Христос и мојата родна земја“, вели Усик.
Покрај колекцијата на уникатни дигитални илустрации, дел од купувачите на НФТ токените ќе добијат и ракавици и слична спортска опрема од Украинецот.