Ентони Џошуа ќе се судри со Џозеф Паркер во Кардиф на 31 март, во обид да донесе уште една титула во тешка категорија, но ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер вели дека никој во Америка не го знае неговото име и без меч со него, тој нема да стане глобална ѕвезда.
Вајлдер (39-0, 38 нокаути), од друга страна по седми пат ќе ја брани титулата против Луис „Кинг Конг“ Ортиз (28-0, 24 КО) на 3 март во „Барклис центарот“ во Њујорк, и признава дека едвај чека да се „судри“ со Џошуа, иако тој најави дека можеби никогаш нема да боксува во САД.
„Можеби ја има својата земја зад него, но тоа е тоа. Сака да биде шампион во Британија? Бидејќи вака не е светски шампион. Тука во Америка него знаат неговото име. Тоа е факт. Мене ми е потребен тој да ги обединам титулата, а на крајот и јас сум му потребен нему. Освен ако сака да си ги има тие мали мечеви. Сите патишта водат кон Дионтеј Вајлдер“, вели Вајлдер за „ЕПСН“.
Вајлдер вели дека бргу ќе ја заврши работата против Ортиз и се надева дека Џошуа ќе го направи своето против Паркер за наскоро да може да се организира „вистински меч за титула“.
„Јас сум највозбудливиот тешкаш на денешницата. Никој не го прави тоа што го правам јас. Ако сакаат да ги обединат титулите мораат преку мене“, додава Вајлдер.