Дионтеј Вајлдер, или „Бронзениот бомбардер“ како што сака да биде нарекуван, го уништи Бермејн Стиверн во една рунда со брутален нокаут за да ја одбрани ВБЦ титулата во тешка категорија и да му објави „војна“ на Ентони Џошуа за обединување на појасите.
Непоразениот Американец го прати Стиверн трипати на подот во спектакуларен стил каков што во тешката категорија не е виден од најдобрите денови на Мајк Тајсон, пред судијата да го прекине мечот на една секунда пред крајот на првата рунда во „Барклис центарот“ во Бруклин.
Deontay Wilder is a knockout machine! We need to see him vs Anthony Joshua to settle who’s the greatest heavyweight.pic.twitter.com/SbVspqLI4l
— ☕️ حسن (@H_Yazdi786) November 5, 2017
Вајлдер, освојувачот на олимписка бронза од Алабама, ја освои титулата од Стиверн на поени кога се сретнаа првпат пред три години за да стане првиот американски шампион во тешка категорија по речиси една деценија. Меѓутоа, оттогаш Стиверн имаше само една победа.
По неверојатно брзиот финиш, Вајлдер (39-0, 38 КО) го повика ИБФ и ВБА шампионот Ентони Џошуа на меч за обединување на круните.
„Чекам да прифатиш меч долго време. Сега ти објавувам војна. Дали го прифаќаш мојот предизвик? Јас знам дека сум шампионот, знам дека сум најдобриот. Дали си ти подготвен? Кралот не ги брка селаните. Кралот оди по кралот. Го сакам Џошуа. Ако не ми даде меч имаме други планови, но зошто би одел во Англија да боксувам со селанец без договор со кралот? Светот го сака Џошуа, светот го сака Вајлдер и нема веќе време за изговори“, директно му порача Вајлдер на Британецот.