ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер го обвини Ентони Џошуа за „бесмислена“ тактика против Енди Руиз Јуниор во саботата, кога Британецот ги врати ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите со победа на поени над Мексиканецот во Саудиска Арабија.
По шокантниот пораз во Њујорк во текот на летото, Џошуа овојпат имаше поинаква тактика, со повеќе движење за да го држи противникот на дистанца, што резултираше во 118:110, 118:110, 119:109 победа. Вајлдер не беше импресиониран и смета дека Џошуа сака да боксува како поранешниот шампион Владимир Кличко.
„Џошуа го направи тоа што беше потребно за победа. Трчаше околу рингот и како да беше на велосипед цел меч. Во основа, тој го имаше Кличко во својот агол и боксуваше како него – удри и држи методот. Тоа мене не ми се допаѓа. Сакаш да доминираш над противникот. Можеби јас сум прегруб, премногу хардкор за нив, но во оваа ера, луѓето сакаат да видат убав бокс. Кога си шампион, треба да излезеш и да го уништиш. Не си тука да танцуваш и да се држиш. Ќе им покажам кој е најдобриот“, вели Вајлдер.
Вајлдер остана непоразен откако минатиот месец го победи Луис Ортиз и вели дека по Тајсон Фјури би сакал дуел со Џошуа.
„Неговиот менталитет беше да преживее. Кличко методот. Јас имам поинаков пристап – мојот менталитет е на воин, животно, крал, император. Ова е брутален спорт и треба да си брутален. Нема време за љубов и гушкање“, додава Американецот.
Џошуа повторно е светски шампион, „дебелкото“ Руиз заврши со пукната аркада (видео)