Top Sport

Вајлдер: Се плашам дека ќе убијам некого во рингот

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер вели дека дури и самиот понекогаш се плаши од неговиот моќен удар, бидејќи стравува дека може да убие некој противник во боксерскиот ринг.

Оваа тема се наметна откако оваа година дури четири боксери го загубија животот поради повреди во рингот – Американецот Патрик Деј, Русинот Максим Дадашев, Аргентинецот Хуго Сантилјан и Бугарот Борис Станчов.

Вајлдер, кој има 39 нокаути во 41 професионален меч, претходно изјавуваш дека сака да има „тело зад себе“, и сега вели дека е ипслашен за неговите ривали при секое влегување во рингот, иако додава дека фановите сакаат да гледаат нокаути.

„Секогаш велам дека го ризикуваме животот кога влегуваме во рингот за некој друг да се забавува. Тоа е коцката која мораш да ја прифатиш. Секој сака да гледа како некој е во нокаут. Трагедиите се случуваат, но токму поради тоа овој спорт е возбудлив, луѓето знаат дека можеш да умреш во рингот. Да, и јас се плашам, бидејќи моите удари не се контролираат“, вели Американецот во интервју за „Сан“.

По некои кампањи за целосна забрана на професионалниот бокс, Вајлдер, кој има четири деца, вели дека човек мора да си ја обезбеди иднината на своето семејство.

„Не слушам, не гледам. Немам чувства за луѓето кои не разбираат. Мене не ми е грижа, јас ум добар и имам обезбедено за моето семејство“, изјави Вајлдер.

Следен меч за шампионот е против Кубанецот Луис Ортиз на 23 ноември во ри-меч од дуелот од март 2018, кога го нокаутираше во 10. рунда.

Вајлдер како Иван Драго пред мечот со Брезил: Ако умре, умре…

Scroll to Top