Top Sport

Вајлдер: Војната само што започна, ќе се борам до смрт (видео)

Американскиот боксер, Дионтеј Вајлдер тврди дека поразот од Тајсон Фјури нема да е неговиот крај. Фјури му го зема на Американецот ВБЦ појасот по победата минатата сабота во Лас Вегас. Вајлдер порачува дека е подготвен за нова борба.

„Вашиот крал е овде и нема да оди никаде, војната само што започна. И јас сум крал кој никогаш нема да се откаже и ќе се борам до смрт. Војник сум, јак сум и ќе се вратам. Им испраќам љубов на сите мои луѓе, се гледаме за неколку месеци“ – рече Вајлдер во обраќањето на социјалните мрежи.

Тој нагласи и дека „ќе се дигне како феникс од пепелта и ќе ја врати титулата“.

Американскиот боксер има 30 дена да ја активира клаузулата по која Фјури ќе биде обврзан да прифати реванш со него.

Scroll to Top