Дејна Вајт вели дека не е точно дека човекот кој пукал со пушка и ранил осум луѓе во Сан Антонио и тврдел дека е УФЦ фајтер не е дел од неговата организација.
По саботниот УФЦ настан во Лас Вегас, дојде бизарната вест од Сан Антонио, Тексас, каде што еден човек по пијана расправија на еден паркинг пукал и ранил пет жени и тројца мажи во локалната болница со извиците: „Знаете кој сум јас? Јас сум УФЦ фајтер од Калифорнија!“.
Инцидентот се случил откако на човекот не му бил дозволен влез во локален ноќен клуб поради алкохолизираната состојба, по што тој се вратил во автомобилот и пукал.
„Колку е лудо ова ср.ње! Денеска во седум часот наутр ми кажаа дека се случил таков инцидент. Светот е луд како банана. Се надевав дека не е вистина, но постојано слушам такви работи. Знаете колку пати некој ќелав човек тврди дека сум јас во јавност? Да ви ги кажам приказните, нема да верувате“, вели Вајт.
Police say the suspect was turned away for being intoxicated and returned with a rifle. https://t.co/sopWvbxuqB
— San Antonio Current (@SAcurrent) June 13, 2020