Top Sport

Валиева позитивна на допинг тестот

Камила Валиева (15), најзаслужната за екипното злато на Русија во уметничко лизгање, била позитивна на допинг тестот пред Зимските олимписки игри во Пекинг.

Допинг тестот покажал присуство на Триметаздин, лек кој се користи лекување на срцевите заболувања. Овој лек и помогнал да го зголеми протокот на крв и да ја подобри издржливоста. Триметаздин се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската анти-допинг агенција.

Валиева била тестирана минатиот месец, по завршувањето на Европското првенство во Естонија.

Не е познато дали Русија ќе се жали. Валиева денес тренираше што покажува дека Олимпискиот комитет на Русија не ја прифаќа оваа одлука, која би ја елиминирала тинејџерската сензација од ЗОИ.

„Таа не е суспендирана“, рекла портпаролката на Олимпискиот комитет на Русија, Олга Јермолина. Поради овој позитивен тест, Русите би можеле да останат без златниот медал во екипна конкуренција.

Scroll to Top