Top Sport

Тежок пораз на Милвоки во Финикс, кикс на Голден стејт Вориорс

Финикс Санс, во реприза на последното финале во НБА лигата, ги декласираа Милвоки Бакс со 131:107. Санс уште еднаш потврдија дека во овој момент никој не е подобар од нив во лигата. Финикс со тимска игра го растурија Бакс, седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Финикс до победата ги предводеа Деандре Ејтон со 27 поени, односно Крис Пол со 17 поени и 19 асистенции. Ист број на поени постигна Девин Букер, кој лошо шутираше од поле (6/17), Микел Бриџиза забележа 18 поени.

Кај Милвоки, меч под своите стандарди одигра Јанис Адетокумбо (18 поени, седум скока, осум асистенции). Бакс ги предводеа Крис Мидлтон и Џру Холидеј со по 21 поен.

Финикс со 45 победи и 10 порази се лидери на Зпадот и воопшто во НБА лигата, Бакс со 35 победи и 22 порази се четврти на Истокот.

Вториот најдобар тим во НБА, Голден стејт Вориорс, доживеаја неочекуван пораз од Њујорк Никс 114:116.

Џулиус Рендл доминираше со 28 поени, 16 скокови и седум асистенции, Еван Фурние постигна 22 поени. На спротивната страна Стеф Кари забележа 35 поени и 10 скокови.

Scroll to Top