Поранешната УФЦ ѕвезда, Американката Пејџ Ван Зант сака да покаже дека е повеќе од убаво лице, откако си замина од ММА борбите да потпише мултимилионски договор со БKФЦ (Bare Knuckle Fighting Championship), односно борбите во бокс без ракавици.
Ван Зант, која е поранешен модел на „Спортс илустрејтед“ загуби во првата рунда од УФЦ дуелот на „Островот на борбите“ од Аманда Рибас и си заминува од УФЦ со 2-4 скор. Таа одби договор од федерацијата Белатор.
„Мислам дека во ММА ме следи репутација дека сум само убаво лице, и ова е најдобар начин да ги поништам тие размислувања. Имам голема страст за ММА, но фокусот е на боксот во моментов. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Ван Зант за „ЕСПН“.